Во Јапонија живеат околу 70.000 стогодишници

Во однос на претходната 2017 година бројот на стогодишниците во Јапонија пораснал за 3 отсто и изнесува рекордни 69.768 луѓе од кои 90 отсто се жени, објави во петокот јапонската влада.

Според податоците јапонското министерство здравство, труд и социјална грижа зголемувањето се евидентира 48-ма година со ред. Информацијата е објавена три дена пред одбележување на државниот празник, Денот на почитта кон старите лица.

Во 1963 година Јапонија живееле сао 153 стогодишници, стои во објавата на министерството. Бројот порасна на 1.000 во 1981 година, на 10.000 во 1998-та и на 50.000 лица со наполнети сто години во 2012 годна.

Во Јапонија живее и во моментов официјално признатото највозрасното лице на светот, Кане Танака, која наврши 115 години. Родена е во југозападниот град Фукуока на 2-ри јануари 1903 година, во годината кога браќата Рајт, пионерите на американското воздухопловство го изградиле авионот „Flyer“, прелетувајќи 37 метри.

Во април годинава во Гинисовата книга на рекордите како најстар маж на светот впишан Масазо Нонака, кој наврши 113 години, кој живее на Хокаидо.

Јапонија се соочува со сé поголемо демографско оптоварување, откако веќе децении животниот век на населението се продолжува, а наталитетот опаѓа. Според податоците на Државниот институтот за истражување на растот на популсцијата и безбедноста, населението постаро од 65 години во 2060 одина ќе изнесува околу 38,1 отсто од вкупната популација, во однос на податоците од 2015-та, кога тој показател изнесувал 26,6 отсто.