Во Јемен за една седмица од колера починале 25 лица

(Photo by AFP)

Во Јемен изминатата седмица од колера починале 25 луѓе, објави Светската здравствена организација (СЗО – WHO), додавајќи дека двете години војна го опустошиле здравствениот и санитарен систем во оваа сиромашна земја.

Смртните случаи од тешка дијареја, чијашто зараза се пренесува преку храната и водата, се меѓу 1.360 случаи коишто Обединетие нации ги објавија во извешатајот од 27 април. Некои тешки случаи можат да предизикаат смрт за само неколку часа, доколку пациентот не добие третман со интравенозно внесувње течности и антибиотици, предупредуваат од Светската здравствена организација.

„Тоа е извонредно алармантно. Се соочуваме со епидемија од колера. И покрај ширењео на колерата во Јемен се одвива војна којашто трае веќе две години. Тоа во огромна мера влијае врз инфраструктурата, чести се прекините во снабдувањето со електрична енергија и работата на пумпните станици за црпење вода“, истакнува претставникот на СЗО во Јемен, Невио Захариа.

Претходното избувнување на колерата стивна минатаа зима, додава Захариа, според кого во Јемен имало 27.000 заболени од колера, од кои 130 починале во текот на судирите. Во моментов има 570 сомнителни случаи на инфекција со колера.

Поради војната во оваа земја се раселени и тешко осиромашени милиони луѓе. Во судирите се убиени најмалку 10.000 луѓе, од кои повеќето се цивили меѓу кои многу деца. ОН обајвија дека во Јемен на секои 10 минути умира едно дете на воздраст до пет години од причини коишто може да се спречат.

Болниците се без резерви, болничкиот персонал често не прима плата и во некои случаи одвај може да се го плати и превозот до работното место. Чистачите штрајкуваат бидејќи не добиваат плати, на улиците и по патишата има купови ѓубре.

Жените и малите деца згречни од болки од дијареата лежат на мадраци во болничките ходници во пренатрупаната болница во јеменската престолнина Сана. „Лежам тука веќе 7.30 утрото и гледам околу себе умирања и патења. Никој не ме преглед, ниту ми даде лекови, дури ниту инјекција“, рекол за Reuters еден пациент во болничкиот ходник.