Во јуни температурен шок во Македонија

Месец јуни е веќе на прагот, а месец мај донесе големо разочарување како никогаш досега.

Пролетното време во месец мај беше во знакот на дождот, додека сончевите денови беа малку на број.

Во месец јуни следува целосен пресврт на времето, како и температурен шок во Македонија.

Особено кон средината на месецот температурата ќе се искачи и до 31 степен, погледнете ја деталната временска прогноза.

Инаку, метеоролошкиот сервис „Аку Ведер“ ја објави временската прогноза за цела Европа за ова лето. Според нивните прогнози на поголемиот дел од Европа му се закануваат опасни топлински бранови, додека во Југоисточна Европа се очекуваат силни невремиња.

 

Како што пишува „Аку Ведер“ и во делови од Балканот ќе има топлинските бранови, но екстремната жештина ќе биде ограничена.

И додека поголемиот дел од Европа ќе биде под удар на сушно време и топлински бранови, на поголемиот дел од Југоисточна Европа му се закануваат силни невремиња со грмотевици и тоа претежно во попладневните и вечерните часови. Најголема опасност ќе донесат орканските ветрови и поплавите, а топлотниот бран годинава ќе биде подолг отколку минатото лето.

Во првата половина од јуни времето во Македонија ќе биде претежно облачно со сончеви периоди и можни врнежи во попладневните часови. Повисоки температури се очекуваат од втората половина на јуни, па се до крајот на јули.

И метеорологот Славчо Попоски вчера излезе со своја прогноза на летото кое ни претстои. Еве што кажа тој:

Според најновите анализи кој ги направивме со помош на најпрецизниот метеоролошки модел ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза) истиот укажува на тоа дека летото кое е пред нас ќе биде натрпосечно топло со повисоки температури од нормалните но и поспарно што значи дека очекуваме ова лето топлите бранови од северните предели на Африка да бидат почести над нашите краишта па така повремено очекуваме температури и од над 40 степени во најтоплите региони што и не е за чудење затоа што овие температури се сепак нормални за нашите краишта и сме ги имале и порано.
Што се однесува пак до врнежите истите ќе бидат над просекот односно ќе има повеќе врнежи од вообичаеното што значи дека поради загреаната атмосфера исполнета со енергија почесто ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а секако дека покрај ова се очекуваат и повремени временски непогоди со град, обилни врнежи и силен ветер како и повремени освежувања на времето односно од север повремено секако дека треба да очекуваме продор на посвеж воздух и пониски температури во текот на летото кое што ни претстои.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.