Во Камерун ослободени сите 78 грабнати деца

112

Сите 78 деца и возачот, коишто беа грабнати во понеделникот во градот Баменди ви југозападен Камерун, ослободени се во средата, но директорот и еден учител останале во заложништво на вооружени мажи, изјавил свештеникот кој ги водел преговорите со грабнувачите.

„Слава му на Бога, 78-те деца и возачот се ослободени. Директорот и еден учител и натаму се кај грабнувачите“, изјавил свештеникот Самуел Фонки, пренесува агенцијата Reuters.

Овој свештеник на Презбитеријанска црква во Камерун и камерунската војска ги обвинија сепаратистите за грабнување на децата во англојазичната област на североападот на оваа африканска земја, каде што сепаратистите се борат за формирање сопствена држава. Спаратистите, пак, преку својот портпарол ја негираа својата вмешаност во грабнувањето.

Сепаратистите воведоа полициски час и ги затворија училиштата во рамките на нивните протести против франкојазичната влада на претседателот Пол Бија. Сператистичкото движење зајакна во текот на минатата 2017 година, откако владата насилно ги сузби мирните протести. Од тогаш многу жители ја напуштија Баменда и другите централни региони, барајќи засолниште во побезбедните франкофони региони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.