Во кампањата за реизбор на Трамп собрани над 212 милиони долари

Кампањата за реизбор на американскиот претседател Доналд Трамп, како и Комитетот за национална поддршка на Републиканската партија, собраа   повеќе од 212 милиони американски долари во првите три месеци од годината, јави Си-Ен-Ен.

Во кампањата во март се собрани над 63 милиони долари, односно 86 милиони долари во Февруари. Во јануари биле собрани 60 милиони долари.

Само во март, кога што ескалираше епидемијата, и беа блокирани голем број сектори на економијата и милиони Американци повикани да останат дома, сумата за кампањата се зголеми за повеќе од 63 милиони. Републиканскиот комитет соопшти дека напорите за прибирање финансиски средства ќе помогнат во финансирањето на нејзините изборни кампањи на локално ниво, што во моментов се прави целосно преку интернет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.