Во Канада почина шефот на монтреалската мафија, Вито Ризуто

Шефот на сицилијанската мафија во Монтреал, Вито Ризуто почина вчера во градската болница. Според информаците на докторите, смртта била предизвикана од „природни причини“, пренесе „ИТАР –ТАСС“.

Поранешниот аналитичари во федералната полиција Пјер де Шемплен, изјавил дека известувањето за смртта на 67-годишниот Ризуто ги потресе не само мафијаши во Монтреал, туку и нивните „колеги“ во цела Канада, бидејќи династијата Ризуто повеќе нема да постои. Тој смета дека во Монтреал ќе започне војна за влијанието меѓу другите мафијашки кланови.

Таткото на Вито Ризуто се пресели заедно со своето семејство од Сицилија во Канада во 1954 година. Тој се придружи на кланот Котрони, што во 70-тите години на минатиот век ја контролирал трговијата со дрога. Постепено семејството на Ризуто ја презело контролата над целата монтреалска мафија. Според податоците на американските иследници, кланот е одговорен за убиствата во 1981 година на тројца нивни њујоршки конкуренти.

Вито беше уапсен по американска потерница дури во 2004 година и по две години беше депортиран во САД, каде што во 2007 година беше осуден на 10 години затвор под обвинение за перење пари и нарачани убиства. Поради „добро однесување“ тој беше ослободен од затвор пред истекот на казната. Додека Вито беше зад решетки неговиот клан пднесе многу загуби. Во 2009 година беше убиен неговиот син Ник. По една година снајперист го уби и 86-годишниот Николо Ризуто. Многу членови на кланот исто така беа ликвидирани или завршија во затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.