Во Каталонија парламентарни избори

Во Каталонија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои главна тема е поделбата помеѓу заговорниците и противниците за самостојност на автономната покраина со 7,5 милиони жители во североисточна Шпанија.

Анкетите покажуваат дека три партии би можеле да освојат еднаков број на гласови и да почнат преговори за коалиција – Каталонската републиканска левица (ЕРЦ) и десниот центар Заедно за Каталонија (ЈхЦАТ), кои се на власт и заговараат самостојност, додека Каталонската социјалистичка партија (ПСЦ) поддржува останување во рамките на Шпанија.

– Три партии можат да победат на изборите или да договорат мнозинство потребно за составување на влада, но сите три во текот на предизборната кампања порачаа дека разговорите и потенцијалната соработка помеѓу нив ќе биде тешка – изјави професорот по политикологија Жоан Родригез од Универзитетот во Валенсија.

Изборите се одржуваат три години по оддржаниот референдум за самостојност, што беше забранет од Уставниот суд на Шпанија, а потоа организаторите беа осудени на повеќегодишни затворски казни.