Во Кавадарци се повредил работник

На 01.10.2019 во 09.15 часот во Полициската станица Кавадарци, од болницата во Кавадарци било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Д.К.(45). Според пријавеното, тој се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во фирма во Кавадарци. Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци во присуство на инженер по безбедност и заштита при работа. Се работи на расчистување на случајот