Во кавга за заштитна маска, убиен вработен на бензиска пумпа во Германија

Маж во Германија убил вработен во бензинска пумпа после кавга околу заштитна маска.

Вработениот на бензинска пумпа во градот Идар-Оберштајн е убиен после кавга со купувач околу маска за лице.

Според полицискиот извештај, 49 годишникот е осомничен дека го застрелал вработениот на бензинската во сабота навечер, поттикнат од кавга околу носење на заштитна маска.

Сторителот првично влегол во бензинската пумпа за да пазари по што 20 годишниот вработен го запрел и го предупредил дека треба да стави заштитна маска на лицето. Започнала кавга, по што сторителот ја напуштил бензинската. После околу еден час тој се вратил, овој пат со маска, која потоа ја тргнал и започнал расправија со вработениот. Во одреден момент 49 годишникот извадил скриен револвер и го усмртил 20 годишникот.

Откако полицијата тргнала во потрага по осомничениот, тој сам се предал и го признал делото. Наводно обвинетиот маж рекол дека тој е против корона мерките и дека не видел друг начин освен да направи злосторство за да постави пример. Сметал дека жртвата е одговорна затоа што спроведувала правила на кои сторителот се противел.

Градоначалникот на Идар-Оберштајн Франк Фрахауф изјавил дека е шокиран од овој немил настан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.