Магазин

Во Кенија избрани Мис и Мистер Албино (Галерија)

Во Кенија избрани Мис и Мистер Албино (Галерија)

Кениското здружение на албинисти одржа церемонија за избор на најубави Мис и Мистер Албино во главниот град на Кенија, Нароби. Целта на натпреварот е да се поддржат лицата со ова нарушување, кои често се соочуваат со дискриминација од општеството.

Албинизмот е ретко и конгенитално нарушување кое се карактеризира со целосен или делумен недостаток на пигмент во влакното, кожата и очите. Без присуството на меланин во нивната кожа, овие лица се и поподложни на штетните влијанија на сонцето.

Настанот Мис и Мистер Албино се одржа во Африка, бидејќи таму албинизмот се уште не е прифатен од општеството како појава и е поврзан со многу негативни заблуди и суеверија. Како резултат на ова, многу албино-лица страдаат од стигматизација и оттуѓување, па дури и физичко насилство.

На изборот со слоган „Прифати ме, вклучи ме, Јас можам“, учествуваа албина од Кенија, Танзанија и Уганда, со единствена цел: да се зголеми самодовербата на младите луѓе со албинизам.

Оваа година 30 учесници се натпреваруваа за круната, а Емануел Силас Шедрак (20) од Танзанија и Маријана Муигаи (19) од Кенија беа избрани за најубави.