Во кичевско пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна

Завчера во 18 часот било пријавено дека во село Длапкин Дол, кичевско, при изведување земјоделски работи, била пронајдена една неексплодирана бомба од Втората светска војна.

Како што соопшти МВР, извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево, а од страна на ДЗС истата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.