Во Киев денеска започнува дводневното заседание на Советот на министрите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), пренесе „Укринформ“.
На средбата ќе учествуваат повеќе од 30 министри за надворешни работи од земјите-членки на организацијата.
Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров соопшти дека ќе учествува на средбата на ОБСЕ. Руската делегација ќе го постави прашањето за усогласувањето на интегративните процеси во Западна и Источна Европа.