Од последиците на коронавирусот во Кина починаа 213 лица, а 9.692 се заразени, соопшти Кинеската здравствена комисија.
За 24 часа бројот на жртвите се зголеми за 43 лица.
Најголем број случаи има во провинцијата Хубеи и главниот град Вухан, жариштето на вирусот.
Надвор од Кина не е регистриран ниту еден случај.
Светската здравствена организација вчера прогласи вонредна состојба на глобално ниво, откако бројот на случаи на заболени со новиот коронавирус се зголеми за повеќе од десет пати во една недела.
СЗО соопшти дека глобалната итна ситуација претставува „вонреден случај“, што значи дека претставува ризик за другите земји и оти е неопходен координиран меѓународен одговор.
Одлуката исто така на земјите им наметнува построги критериуми во пријавување на случаи на заразата.