Во Кина 42 новозаразени и еден починат

Во Кина во изминатото деноноќие се потврдени 42 нови случаи на зараза со коронавирусот, а во претходните 24 часа, односно во средата, регистрирани беа 63 вакви случаи, соопшти во петокот кинеското министерство за здравство.

Меѓу 42-та нови случаи на зараза, дури 38 се забележани кај лица коишто во Кина се вратиле од странство.

Кина соопшти и дека се потврдени нови 47 асимтопатки ткн „тивки пренесувачи“ на коронавирусот, додека во изворот на пандемијата, централната провинција Хубеи, забележан е еден смртен случај но немало новозаразени.

Вкупно во епидемијата во Кина која избувна кон крајот на декември 2019 година во градот Вухан, аминистративниот центар на покраината Хубеи, до денеска заболеле 81.907 лица, од кои починале 3.336 луѓе.