Во Кина нова зона со зголемен ризик од коронавирусот

1603

Округот на градот Шулан во североисточната кинеска провинција Џилин е новата зона со висок ризик од зараза со коронавирусот, откако таму се регистрирани уште 11 заразени лица, соопштија во неделата покраинските власти.

Кина во четвртокот официјално потврди дека во сите нејзини покраини опасноста од зараза со новиот тип коронавирус е со низок ризик.

Портпаролот на кинеската државна здравствена комисија Ми Фенг, изјави дека на 9-ти мај во Кина повторно бил регистриран случај на локална групна зараза. Во последното деноноќие во земјата биле регистрирани 12 локални сличаи на инфекција со коронавирусот, од кои еден во градот Вухан, кој се смета за жариште на заразата којашто прерасна во пандемија, и уште 11 случаи во покраината Џилинг, што е највисокиот показател за оваа област од 11-ти март. Заболени во оваа покраина се членови на едно семејство – осум, а другите имале близок контакт со нив. Станува збор за семејства и познаници на жена кој на тестирање на 7-ми мај била позитивна на коронавирусот.

„На 7-ми мај во Шулан е забележан еден локален случај на инфекција, а на 9-ти мај беа регистрирани уште 11 случаи. Во согласност со државните стандарди за утврдување на епидемиолошката ситуација, покраината Џилинг го зголемува нивото на епидемиолошка закана за градот Шулан од средно на високо ниво“, се наведува во соопшението на кинеските здравствени власти.

Претходно во неделата нивото на епидемиолошката закана во квартото Дунсиху во градот Вухан, каде што во април не беше регистрирани ниеден нов случај на зараза, било зголемено од ниско на високо ниво, откако градските власти пријавија еден нов потврден случај на зараза со коронавирусот, а исто така и 16 асимптоматски случаи на инфекцијата.

Нивото на епидемиолошка закана поврзана со ширењето на коронавирусот во сите региони на Кина од 7-ми мај е симнато на ниско ниво, откако властите во североисточната провинција Хеилонгјанг, која граничи со Русија каде што има остар раст на бројот на инфицирани лица, го спуштија нивото на ризик од средно и восоко.

Кинеските власти на 31-ви декември 2019 година официјално ја известија Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за појава на непозната тип пневмонија во градот Вухан, во централната покраина Хубеи, откако најмалки една седмица претходно регистрираа појава на локална епидемија. Кинеските стручњаци утврдија дека предизвикувач на заразата е новиот тип коронавирус кој подоцна меѓународно беше означен како SARS-Cov-2, кој ја предизвикува респираторната болест наречена Covid-19. На 11-ти март СЗО објави пандемија на новиот коронавирус. Подоцна кинеските власти на 29-ти марти објавија дека е запрено ширењето на епидемијата на територијата на целата земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.