Во Кина откриени траги од динасауруси од пред сто милиони години

Заедничка кинеско-американска научна експедиција во неделата објави дека успеала во источната кинеска покраина Џиангсу, да пронајде четири фосилизирани траги од диносауруси чијашто старост се проценува на 100 милиони години, пренесува агенцијата Xinhua.

Според научнциите, трагите од стапките на предисториските гиганти се најдени во живописната област на планина над градот Ксинји, и тие ќе помогнат да се проучи распространувањето и еволуцијата на групата диносауруси кои ја населувале древна Кина, а кои припаѓаат на подоцнежниот дел од периодот креда.

„Трагите од диносаурусите биле погрешно сметани за траги на Ли Цунсијао (858-894), познат војсководец (генерал) од доцниот период на династијата Танг 618-907), и тигарот со кој тој се борел“, вели еден од истражувачите Ксинг Лида.

Додава дека „со текот на годините биле загубени три прста од две траги на зауроподите“, и оти поради тоа нивниот изглед на научниците им наликувал на човечко стапало. Сега истражувачите заедно со локалните власти работат на тоа да биде заштитен овој локалитет на ретки откритија.

Истражувањето го извеле кинески и американски палеонтолози. Резултатите од нивното истреажување се објавени во научното списание Geological Bulletin of China.