Во Кина патентирана првата вакцина против Ковид-19 (ВИДЕО)

Кинеска компанија специјализирана за вакцината „Кансино бајолџикс“, ја патентираше првата потенцијална вакцина против Ковид-19 под назив „Ад5-nCOV, пренесуваат државните медиуми повикувајќи се на документи за заштита на интелектуалниот имот.

Ова е прва патентирана вакцина во Кина, пренесува државниот медиум „Народен дневник“, повикувајќи се на документи кои ги објави кинеската Национална администрација за интелектуален имот. Патентот е потврден на 11 август.

Саудиска Арабија соопшти дека овој месец планира да ја започне третата  фаза од клиничките испитување за вакцината на фирмата „Кансино“.

Компанијата соопшти дека води разговори со Русија, Бразили Чиле за започнување на третата фаза од тестирањето во тие земји.

Акциите на „Кансино“ на берзата во Хонг Конг пораснаа за околу 14 отсто, а на берзата во Шангај за 6,6 проценти.