Во Кина првпат откриени фосилни траги на тираносаурус

Група палеонтолози од Кина и САД првпат досега успеале да пронајдат фосилизиран отпечаток на тираносаурус во источната кинеска покраина Џиангси.

Отпечатокот со 58 сантиметри во должина и 47 сантиметри во широчина бил најден за време на изградба на авенија во градот Гуангжу. Според експертот од кинескиот Универзитет за геолошки науки, Син Лида, станува збор за една од најголемите траги од тераподи, кои некогаш биле пронајдени во Кина. Научниците велат дека морфолошката трага се разликува од они кои претходно се најдени во Кина и е подобро зачувана од трагите од тираносауруси на териториите на американската сојузна држава Њу Мексико и на канадската покраина Британска Колумбија.

Повеќето од трагите на динасаурусите, кои претходно се откривани во Кина потекнуваат од периодот Јура или Раната Креда. Трагите од Гуанжу, како што сметаат научниците, датираат од Доцна Креда.

„Трагите од диноасурусот од периодот Доцна Креда е многу ретка појава, а особено кога станува збор за траги од тираносаурус, кој е на вровот од синџирот на исхраната“, ги цитира порталот Zhongguo Xinvenwan научникот.

Откритието за јавноста е презентирано во Музејот на историјата на камената природа во градот Нанан во источната кинеска покраина Фуџијан. Научниците истакнуваат дека ова откритие е од големо значење за проучување на флората и фауната во периодот Доцна Креда, кој започнал пред 100,5 милиони години и траел 34,5 милиони години,