Во Кина регистрирани 12 новозаболени од коронавирус

Кина вчера имала 12 нови случаи на коронавирус, четири повеќе од претходниот ден, објави кинеската здравствена комисија.

Националната комисија за здравство соопшти дека сите нови случаи се увезени од странство.

Бројот на нови асимптоматски случаи, кои Кина не ги води како позитивно потврдени, се осум. Од почеток на пандемијата Кина имала вкупно 90.087, а починале 4.636 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.