Во Кина тројца новозаболени, помалку од ден претходно

Кинеските здравствени власти соопштија дека во средата биле потврдени три нови случаи на зараза со коронавирусот, што е помалку во однос на претходниот ден кога беа пријавени седум новозаболени.

Притоа бројот на новите асимптоматски случаи се искачил на 12 од осум, колку што беа регистрирани во вторникот, соопштија кинеските власти.

Сите нови случаи се пренесувале локално, два во североисточната покраина Лиаонинг и еден во провинцијата Џилин, којашто гранички со Лиаонинг.

Во Кина досега од Covid-19 вкупно се разболеле 82.929 лица, додека бројот на починатите останал непроменет на 4.633.