Во Кочани маж нападнал двајца малолетници, а потоа со метална цевка им се заканувал и на полицајци

73

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишниот Ј.Ј. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,насилство врз дете“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 21.06.2020 пријавениот, во двор на основно училиште во Кочани, со тврд предмет нападнал двајца 16-годишници, при што едниот од нив го повредил. Кога полициски службеници го побарале во неговиот дом, тој излегол и почнал да им се заканува со метална цевка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.