Во Кочани приведени две лица откако биле фатени во кражба, едно лице е малолетно

Денеска (14.04.2021), полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода А.В.(26) од Кочани и 15 – годишен малолетник, затоа што во 11.30 часот биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во обид од плац на ул.„Македонска“ во Кочани.

По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.