Во Конектикат амнестирани 12 лица осудени за вештерство

Американската држава Конектикат ослободи од вина дванаесет лица осудени за вештерство пред речиси 400 години во колонијална Америка.

Единаесет од нив биле обесени по судењата за вештерство во Конектикат во средината на 17 век, а едно лице било поштедено.

Пратениците во Конектикат усвоија резолуција за таа цел, прогласувајќи ги за невини и осудувајќи ги казните изречени против деветте жени и двајца мажи како „правосудни грешки“.

Здружението на потомци, Проектот за ослободување од судење на вештерки CT, ја поздрави одлуката во соопштение, по кампањата за нивна постхумна рехабилитација.

Одлуката на Конектикат доаѓа во пресрет на 376-годишнината од првото бесење за вештерство во Нова Англија, кога била обесена Алис Јанг.

Стотици луѓе, главно жени, биле обвинети за вештерство во Нова Англија во 17 век, особено за време на познатите судења во Салем, Масачусетс помеѓу 1692 и 1693 година, на кои доминирале страв, параноја и суеверие.