Во координирана акција на Интерпол запленети над 55 тони дроги

Повеќе од 55 тони дроги се запленети во септември и октомври во текот на операцијата на меѓународната полиција, објави во средата Интерпол кој ја координирал акцијата

Во текот на глобалната операција под кодното име „Риба лав“ уапсени се 1.300 лица осомничени за тргување со дроги, се прецизира во соопштението на организацијата на полициска соработка.

Меѓу дрогата запленета меѓу 17-ти септември и 8-ми октомври, конфискувани се повеќе од 35 тони кокаин, од кои 1,2 тони во бразилското пристаниште Сантос, сокриени во брод кој се упатил кон Брегот на слоновата коска. Пронајдени се и 15 тони канабис и пет тони хероин, како и 430.000 апчиња каптагон, кои се на база на амфетамини. . Полицијата запленила и повеќе од 18 милиони апчиња „јаба“, синтетичка дрога во југоисточна Азија и открила лабораторија во Холандија.

Интерпол не ги прецизира местата на сите запленување. За оваа акција, меѓународната криминалистичка полиција чиишто седиште е во Лион, ги мобилизирал своите канцеларии во Хараре и во Сингапур.

Операцијата „Риба лав“ ја истакнува важноста на предизвикот со кој се соочуваат полициите во целиот свет и потребата од координиран пристап во борбата против трговијата со дроги и соодветните злосторства, коментира генералниот секретар на Интерпол Јирген Шток, според соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.