Во Косово поднесени 100 поплаки за иборните резултати

8

По вчерашното објавување на конечните резултати од вонредните парламентарни избори од 6 октомври во Косово, до Изборниот панел за претставки и поплаки (ПЗАП) при Централната изборна комисија (ЦИК), до денеска на пладне се поднесени вкупно 100 поплаки од политичките партии и кандидатите за пратеници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефот на Секртаријатот на ПЗАП Муљ Деску за агенцијата КосоваПрес изјави дека по бројот на поплаки предничат Самостојната либерална партија (СЛС) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

– Досега во ПЗАП од политичките субјекти или нивните кандидати се пристигнати вкупно 100 поплаки. СЛС поднесе 42, ЛДК 23, Демократската партија на Косово (ПДК) 12, Коалицијата Нисма – Алијанса ново Косово (АКР) шест, Движењето Самоопределување (ВВ) пет, и уште неколку други субјекти по една или две поплаки, изјави Деску.

Тој наведе дека најголемиот број поплаки се однесуваат на неусогласеност на резултатите и на недостаток на гласачки ливчиња.

ПЗАП има рок од 72 часа да одговори на поплаките, а по добивањето на одлуката од ова тело политичките субјекти имаат рок од уште 24 часа во кој можат да се жалат пред Врховниот суд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.