Во Косово приведени членови на ИД

косово

Според Обвинителството, приведените се осомничени дека планирале да извршат напади на Балканот врз основа на инструкции добиени од Сирија.

– Осомничените планирале терористички напади во Косово и на Балканот. Планирале напади врз различни институции, меѓу кои и безбедносни. Други осомничени од истата гупа се уште се на слобода, се додава во соопштението.

Како што јави Танјуг, седумтемина приведени одржувале контакти и со лица во Албанија и во Македонија.