Во Косово регистрирани два случаи на делта сојот

Регистрирани се два случаи на инфекција со делта сојот на коронавирус на Косово, објави косовското Министерство за здравство.

„Од вкупно 22 позитивни примероци испратени до Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника „Шарите“ во Берлин, варијантата ДАЛТА САРС-КоВ-2 беше идентификувана во два примерока“, според ресорното министерство.

Тие исто така наведуваат дека и двата случаи покажале симптоми, но дека веќе се опоравиле и се дома и дека нивната изолација е завршена.

Тие исто така додаваат дека тимови од косовскиот институт за јавно здравје веќе ги следеле сите можни извори и контакти за да спречат понатамошно ширење на случаите.

Сојот делта за првпат е откриен во Индија во декември 2020 година, што е една од највознемирувачките варијанти во светот денес, велат тие.

Министерството наведува дека сега истражувањата покажуваат дека ова е можеби најбрзо распространетата варијанта, дури и заразна од британскиот вид.

Косовскиот институт за јавно здравје ги потсетува сите да ги почитуваат мерките, и општите и специфичните мерки за заштита од пандемија на коронавируси.