Во ковид-центарот во Скопје пациент бил агресивен кон персоналот, интервенирала полицијата

На 03.12.2020 во СВР Скопје од обезбедувањето на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во ковид-центарот едно лице го нарушува јавниот ред и мир со агресивно однесување кон медицинскиот персонал.

По интервенција на полициски службеници, опремени во заштитна облека, лицето се смирило и констатирано е дека станува збор за С.В.(60) од Куманово, кој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.4 од ЗППЈРМ, а С.В. ќе остане на понатамошно лекување во центарот.