Во ковид – центрите има 616 хоспитализирани пациенти

Во земјава вчера беа региистрирани 18.909 активни случаи со Ковид-19, од кои најголем број – 9.614 во Скопје. Надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат и да се почитуваат мерките за заштита.

Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со ковид-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти.

Пациенти со Ковид-19 се примаат и во ковид-центрите на клиниките за кожни болести и за неврологија, каде сѐ уште има слободни кревети за пациентите на кои им е потребна хоспитализација. Како што информираат од Министерството за здравство, согласно податоците од инфективните одделенија и ковид – центрите има 616 хоспитализирани пациенти во земјава, од кои 199 во Скопје.

Што се однесува до состојбата со ковид-19 во другите земји, сѐ уште има зголемување на бројот на активни случаи и на починати.

Бројот на заразени со коронавирус во Русија вчера надмина 100.000 лица, што е најголем број на инфицирани за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Кризниот штаб. Како што објавија руските медиуми, во државата за 24 часа се регистрирани 113.122 случаи, што е последица на ширењето на сојот омикрон. Во Русија за едно деноноќие починаа 668 пациенти, а завчера бројот на смртни случаи од Ковид-19 ја надмина бројката од 700.000 од почетокот на пандемијата.

Австрија, пак, постепено ги олеснува мерките против коронавирусот и покрај големиот број нови инфекции.