Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17, а вкупно се лекуваaт 343 пациенти со Covid-19

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациент поради компликации од коронавирусот, a вкупно 343 лица сомнителни и потврдени за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Iнтерните клиники имало еден прием.

Во ковид-центарот во Градската општа болница „8-ми Септември“ имало, исто така, еден примен пациент и 13 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. На клиниката во Козле биле примени два пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени три оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8-ми Септември“ има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 343 пациенти потврдени и сомнителени за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.