Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти

23

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 331 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Очната клиника и на ОРЛ. Во ковид центарот на Кожната клиника биле примени четворица болни и тројца се хоспитализирани на Клиниката за Неврологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 7 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти, на Клиниката за очни болести 9 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 91 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.

Вкупно 331 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 134 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.