Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 45 пациенти, а вкупно се лекуваат 440 болни од Covid-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 45 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, a вкупно 440 лица сомнителни и потврдени за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, покажуваат податоците на Инстутит за јавно здравје и Министерството за здравство.

Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 21 прием, и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, 11 пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид-ентарот во Градската општа болница „8-ми Септември“ имало 14 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица.

Во изминатите 24 часа од болниците се отпуштени 38 оздравени пациенти, според истите извори.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, а во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти.

Во ГОБ „8-ми Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 11 деца и 30 возрасни.

Вкупно 440 пациенти потврдени и сомнителни за Covd-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-ина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8-ми Септември“. Во четврток ќе биде отворен за прием и ковид центарот на Клиниката за очни болести со капацитет од 33 кревети.

Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.