Во Крагуевац шарпланинец до смрт ја искасал својата газдарица, ќерката затекнала ужас во дворот

Утрово жители на српскиот град Крагуевац сведочат за голема трагедија во нивното соседство кога шарпланинец ја нападнал својата газдарица и до смрт ја искасал, јавуваат српските медиуми.

Соседите слушнале морничави врисоци и стенкања, па веднаш ја повикале ќерката на несреќната жена, која го пронашла телото на нејзината мајка до куќата на разбеснетиот шарпланинец. Преплашената ќерка повикала брза помош, која пристигнала брзо, но залудно.

– Лекарите прво мораа да чекаат некој да го отстрани кучето, кое лаеше до трупот на неговиот сопственик. За жал, лекарите можеа само да ја констатираат смртта на Милоратка – вели извор од истрагата.

Тој додава дека во овој случај, нема кривична одговорност, бидејќи се работи за куче кое има сопственик.

– Тоа е опасна раса, темпераментот на шарпланинецот е таков што никогаш не знаете што може да направи – забележува соговорникот.

Соседите велат дека нивната сосетка редовно го хранела шарпланинецот, кој главно бил врзан. Во истиот двор имало уште две кучиња, но никој од соседите не се сомневал дека ќе се случи трагедија.

– Слушнав плач од дворот на Милоратка, беше страшно … Ќерка ѝ дојде брзо и ја пронајде својата мртва мајка до куќата на кучето – кратко рече шокираната сосетка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.