Во Кривчен продолжува судењето во случајот „Труст“

Во скопскиот Кривичен суд во четвртокот треба да се одржи ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

На минатото рочиште одбраната приложи нови документи како докази кои беа прифатени од Судот и од СЈО. Сведочеше и вештакот Игор Костов за тоа дали од документите од тендерот за набавка на опрема, машини и возила се гледа дека тие се набавени. Тој одговори дека до 14.11.2011 година во сметководство на „Трансмет“ не се евидентирани овие машини ниту плаќања за нив. Спорно, како што рече, е тоа што фактурите се книжени, а потоа плаќани профактурите.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.