Во Кривичен се очекува да почне рочиштето за притвор за Мандиќ

Обвинителката Вилма Русковска пристигна во Кривичниот судот каде секој момент се очекува да биде спроведена осомничената потпретседателка на „Меѓународен сојуз“ Јасна Мандиќ.

Во судот се очекува да почне рочиштето за притвор за Мандиќ.

Таа е една од осомничените во новата истрага за „Рекет“ што денеска ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Истражната постапка ќе се спроведува против пет физички лица и едно правно лице.

Покрај Мандиќ, меѓу осомничените е и Фросина Ременски почесна претседателка на невладината на Боки 13 и функционерка од СДСМ за која Обвинителството бара да и биде одземен пасошот или редовно да се појавува во судот.