Во Кривогаштани и Аеродром најмногу излегле на гласање , најмалку во Липково

Државната изборна комисија (ДИК) ја одржа првата прес-конференција наменета за предвремените парламентарни избори во нашата држава кои се одржуваат денеска.

„Со право на глас во Избирачкиот список се заведени 1.814.263 граѓани, изминатите два дена се спроведоа гласање на посебни категории на граѓани. Вкупно 723 граѓани го оствариле своето право на глас ккао гласачи позитивни на ковид-19 или во самоизолација. Сите гласачки места се одворени во 7 часот, гласањето тече непрекинато, гласањето ќе трае до 21 часот, одзивот до 9 часот вкупно гласале 94167 гласачи, односно 5, 19 отсто“, рече портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

Одѕив на гласањето до 9 часот

Според податоците со кои располага ДИК од 2326 избирачки места во земјата, од сите запишани гласачи, вкупно гласале 94167 гласачи, односно 5,19%.

ИЕ 1 – одѕив 6,58% најмногу излегле на гласање во Аеродром 10,13%, најмалку во Студеничани 1,81%

ИЕ 2 – одѕив 4,58% најмногу излегле на гласање во Ѓорче Петров 8,05%, најмалку во Липково 0,93%

ИЕ 3 – одѕив 6,1% најмногу излегле на гласање во Крива Паланка 8,31%, Пробиштип 10,25%

ИЕ 5 – одѕив 5,22%, најмногу излегле на гласање во Кривогаштани 13,1%, најмалку во Центар Жупа 1,01%

ИЕ 6 – одѕив 2,59% најмногу излегле на гласање во Јагуновце 4,17%, најмалку во Врапчиште 1,39%