Во крвта на Навални најдени траги на супстанца слична на „новичок“, но не е на списокот забранети во OPCW

79

Супстанциите пронајдени во крвта и телото на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални по нивните карактеристики се слични на нервниот агенс „новичок“, но не се на новата проширена листата забранети материи, соопшти во вторникот Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW).

Во соопштението на OPCW се наведува дека маркерите во неговата крв и урина имале „слични стуктурни обележја како и отровните хемикали“ кои припаѓаат на групата „новичок“.

Анализата на OPCW е направена по барање на Германија откако нејзината воена лабораторија заклучила дека е отруен со „новичок“. Меѓутоа, официјален Берлин повеќе од еден месец одбива да ги размени биоматеријалите на Навални добиени во германските лаборатории со оние добиени во трите руски лаборатории кои не најдоа траги од отровни супстанции во телото на опозиционерот.

„Биомаркерите за инхибирот на ензимот холинестераза, пронајдени во примероците од крвта и урината на г-дин Навални имаат структурни карактеристики слични на оние на токсичните хемикалии кои спаѓаат во листата 1.A.14 и 1.A.15, кои беа додаден во Анексот за хемикалиите кон Конвенцијата за забрана на хемиското оружје во текот на 24-та сесија на Конференцијата на државите членки во ноември 2019 година. Овој инхибитор на холинестеразата не е наведен во Анексот за хемиските супстанции на Конвенцијата“, се наведува во соопштението на OPCW.

Неколку дена по пренесувњето на Навални во берлинската клиника „Шарите“, беше објавено дека три лаборатории во телото на Навални откриле присуство на супстанција инхибитор на ензимот холинестераза, која се наоѓа во некои лекови, како во оние за деменција, но и во пестициди и во нервни агенс. Во Берлин на Навални му бил даван атропин, исто како и во Омск и се смета дека тоа му го спасило животот.

Постојаната мисија на Германија при OPCW чие седиште е во Хаг, побарала до техничкиот секретаријат на организацијата резимето од извештајот да го достави до сите земји членки и да го направи јавно достапно.

Од своја страна, извршниот директор на OPCW, Фернандо Ариас, изјави дека резултатите од спроведените аналзи предизвикуваат сериозна загриженост.

„Државите членки на Конвенцијата за хемиско оружје (CWC) изјавија дека употребата на хемиско оружје е неприфатливо од кого било и во какви било услови и е спротивна на правните норми признати од меѓународна заедница. И важно е земјите потписнички да продолжат да се придржуваат на оваа правило старо 25 години“, додаде Ариас.

Ситуацијата околу извештајот на OPCW ја коментираа и во Кремљ, Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, рече дека сѐ уште по дипломатските канали, што е вообичаено, не го добиле извештајот на организацијата. Претходно тој повеќепати исткна дека Русија е подготвена на секој начин да соработува со OPCW во разјаснување на целата ситуација околу Навални.

По објавувањето на извештајот, Берлин поворно ја повика Москва да даде објаснувње за инцидентот со Навални. Руската влада во писмената изјава веднаш одговори дека министерскиот кабинет го проучува документот.

„Процената на ризиците од ширењето игра важна улога во планираното пренесување или објавување на информациите, како и прашањето на официјалните вклучувања (на супстанциите од групата ‘новичок’) во списокот (на OPCW). Информациите за опасните супстанции не треба да паднат во погрешни раце“, соопшти владата во Берлин.

Но германската страна, исто така, признава дека откриената супстанција не е меѓу забранетите. Тоа, пак, од своја страна посочува на прашањето дека со неа можел лесно и без поголема опасност по него самиот да оперира секој, што не би било можно, како што претходно посочуваа експертите кои работеле на развој на агенсот, доколку навистина станувало збор за „новичок“.

„OPCW ги објави резултатите од анализата на две референтни ланоратории. Резултатите се во согласност со резултатите веќе добиени во специјализираните лаборатории во Германија, Франција и Шведска. Тоа уште еднаше ги потврдува јасните докази дека Алексеј Навални бил жртва на напад со хемиски нервен агенс од групата ‘новичок’. Овој малку познат нервен агенс сѐ уште го нема на официјалниот список на OPCW“, се вели во изјавата на Берлин.

„Нема сомневања дека Навални е отруен со новичок. Секое користење на хемиско оружје е загрижувачко“ кусо коментираше Постојаната мисија на Велика Британија во OPCW, која имаше случен судир со Русија по наводното труење во април 2018 година на поранешниот двоен руско-британски шпион поранешен советски воен агент Сергеј Скрипал во Англија.

 

За „новичоците“

Државите членки на OPCW во ноември 2019 година договорија забрана на хемикалиите од ткн група „новичок“, а забраната стапи на сила во јуни годинава.

Ланскиот ноември земјите членки на OPCW на 24-та конференција на членките на Конвенцијата за хемиско оружје прифатија два предлога за додавање нови хемикалии во контролните списоци на организацијата, вклучително и оние кои се познати под називот „новичок“. Едниот предлог беше поднесен од трите западни земји – Канада, Холандија и САД, а вториот од Русија. Тогаш западните земји предложија додавање на две семејства во контролните списоци на хемикалии кои ги забранува CWC, додека руската страна имала поширок предлог кој вклучуваше четири семејства отровни сусптанции. Две од нив се совпаѓале со прелозите на западната „тројка“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.