Во Куба се менува закон со кој ќе се дозволи истополов брак

Кубанскиот парламент усвои промена во законот за семејство со кој се отвораат вратите за истополовите бракови, се гарантираат поголеми права за жените и подобра заштита на децата, за постарите и за другите членови на семејството.

Изменетиот закон за семејство ќе биде ставен на референдум на 25 септември по долгата дебата во државата во текот на оваа година, каде што иницијаторите на законот рекоа дека 62 отсто од учесниците изразиле поддршка за промените.

Новиот закон за семејно право промовира „љубов, наклонетост, чувствителност, почит кон другите и хармонија во семејствата“, изјави кубанскиот министер за правда Оскар Мануел Силвера.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.