Во куќа во Ваксинце пронајдени 77 мигранти

Мигрант вчера попладне на англиски јазик во полицијата во Куманово пријавил дека во куќа во селото Ваксинце бил нападнат од непознат насилник кој му барал пари.

Тој успеал да избега од куќата, но таму останало неговото семејство.

Полицијата веднаш се упатила на местото на настанот, каде биле затекнати 77 мигранти од Пакистан, Сирија и Авганистан. Тие биле пренесени во Транзитниот Центар Гевгелија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.