Во Куманово приведен бегалец од затвор

Во саботата во 15,30 часот полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово го лишиле од слобода 47-годишниот И.М. од Скопје, со живеалиште во Струмица.

Тој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од 2 години и 6 месеци, а бил осуден на 3 години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.