Во кумановската градинка негувателка позитивна на ковид-19

Негувателка вработена во кумановската градинка „Ангел Шајче“ е позитивна на коронавирусот.

Како што информираше денеска директорката на установата, Марина Алексовска, негувателката била вработена во објектот „Детелинка“ и веднаш откако е добиена информацијата е постапено согласно сите алгоритми. Веднаш е остварен телефонски контакт со родителите на децата од таа група.