Во лавина загина поранешната светска првенка во сноуборд

Поранешната светска првенка во сноуборд, Французинката Џули Помагалски (40), го загуби живот во лавина на швајцарските Алпи.

Помагалски во 1999 година го освои златниот медал во сноуборд крос, а учествуваше и на зимските Олимписки игри во Солт Лејк Сити во 2002 и во Торино во 2006 година.

Француската Скијачка федерација соопшти денеска дека Помагалски загинала во вторникот, непрецизирајќи ја локацијата на несреќата.

Француските и швајцарските медиуми, пак, повикувајќи се на полициско соопштение, јавија дека несреќата во која загинале вкупно две лица, а едно е повредено, се случила на планината Гемшток, во швајцарскиот кантон Ури.