Во Лешок одбележани 19 години од загинувањето на бранителот Ѓоко Лазаревски

48

Во тетовско Лешок денеска беше одбележана 19-годишнината од загинувањето на Ѓоко Лазаревски, кој во 2001 година учествуваше во одбраната на селото како резервен полицаец. Беше отслужена панихида, оддадена почит со минута молчење и положено цвеќе пред спомен обележјето на Лазаревски од страна на семејството и повеќе делегации.

„Човек еднаш се раѓа и двапати умира. Првиот пат кога физички заминува од овој свет, а вториот пат кога ќе го заборават. Ѓоко ќе живее вечно во спомените на сите лешочани“, рекоа во обраќањето претставниците на иницијативниот одбор на Лешок.

Ѓоко Лазаревски во конфликтот во 2001 година останал меѓу последните да го брани Лешок. Тогаш имал 29 години и бил резервен полицаец, а загинал обезбедувајќи отстапница на соселаните слободно да се евакуираат од опколеното село.

Бил погоден од шрапнел од минофрлачка граната, а починал по само неколку дена во Скопје каде е и погребан на гробиштата во Ѓорче Петров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.