12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Во Липково се гради спомен кула за ОНА

Во околината на Слупчане, општина Липково ќе гради спомен кула на борците од ОНА. Локалните власти  ќе потрошат неверојатни 200.000 евра за изградба на споменикот. Во време на пандемија општината реши меѓу приоритетите да биде токму градењето на ова спомен обележје.

На сајтот на бирото за јавни набавки веќе е објавен договорот меѓу општината и компанијата Хоџа инжинеринг од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра.

Градоначалникот на Липоково неодамна за медиумите изјави дека споменикот ќе биде легално поставен со сите дозволи.