Во Лондон на едно место откриени стотина украдени велосипеди

Лондонската полиција запленила 118 украдени велосипеди кои ги пронашла на само една локација, што е невообичаено за англиската метропола иако таму кражбата на велосипеди е многу раширена појава.

Пронајдените велосипеди се проценуваа на речиси 40 илјади американски долари, објави лондонската полиција, додавајќи дека на дадената адреса поради сомневање за кражби се уапсени двајца мажи, на 21 и на 60-годишна возраст.

Истратагата била започната откако единаесет луѓе ја известиле полицијата дека своите украдени велосипеди ги нашле понудени на продажба на социјалните мрежи. Полицијата најави дека ќе им бидат вратени по потврда на сопственоста.

Возењето велосипед во британската пресолнина беше популарно и пред пандемијата на коронавирусот, како за рекреација така и за превоз до работното место. Но Лондон сега бележи велопедистички бум, бидејќи граѓаните го избнегнуваат јавниот сообраќај.