Во Лондон уапсена жена поради сомнеж дека си ги убила трите деца

Лондонската полиција пронајде тела на три деца во јужниот дел на градот, а уапсена е жена поради сомнеж за убиство, пренесуваат британските медиуми.

„Уапсена е 43 годишна жена поради сомнеж за убиство и задржана е во притвор на испитување.Не бараме никој друг кој би можел да биде поврзан со овој случај,“ изјави портпаролот на Метрополитен полицијата.

Полицијата спровела истрага и моментно во куќата вредна 1,2 милиони фунти, изнесуваат потенцијалните докази, наведува Дејли мејл.

За сега не се знае дали телата на децата и понатаму се во куќата, а не е соопштена нивната возраст.

Соседите, во изјава за британските медиуми наведуваат дека станува збор за мали деца на брачна двојка од Јужна Африка кои во соседството се доселиле пред девет месеци.

Полицијата добила повик синоќа околу 21.30 да дојде на адреса во јужниот кварт Њу Молден каде се пронајдени телата на децата.