Во Луксембург почнува состанокот на Советот на министри на ЕУ

Денеска во Луксембург почнува состанокот на Советот на министри на Европската унија, на кој се очекува земјава да го добие долгоочекуваниот датум за почеток на преговори за членство.

За сега се уште е неизвесен ставот на Франција по прашањето за отворање на преговори со Македонија и Албанија, а на маса се неколку опции.

Одлуката на министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата во Брисел ќе ја дочека шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кој вчера упати апел до постојаните претставници на земјите членки, да дадат зелено светло за старт на преговорите. од денеска на последни консултации со претставници на унијата во Брисел престојува и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.