Во мај 53,1 отсто од потрошената струја била од домашни извори

Во мај годинава земјава вкупно потрошила 524.635 мегават часови електрична енергија, 10,123 милиони нормални кубни метри природен гас, 254.036 тони јаглен и 76.769 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 53,1 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 89,9 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.