Во Мадрид за 24 часа удвоен бројот заразани од коронавирусот

100

Бројот на случаите на инфекција со новиот сој коронавирус Covid-19 во областа на шпанската престолнина Мадрид во последното деноноќие се зголемило за речиси 350 пациенти и достигна 782 лица, се истакнува во соопштението во вторникот објавено од министерството за здравство на регионалната влада.

„Автономната заедница на Мадрид бележи 782 позитивни тестови на коронавирус“, се наведува во соопштението.

Во понеделникот регионалните власти информираа за 36 заразени и 16 починати како последица на инфекција со коронавирусот. Претходно беше објавено дека се затвораат сите образовни институции во регионот, поради наглото ширење на коронавирусот. Покрај тоа, мадридсткиет власти уверуваат дека во средствата за јавниот превоз се врши секојдневна дезинфекција.

Вкупно во Шпшанија се регистирани околу 1.400 случаи на пациенти со коронавирус, од кои починаа 35 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.