Во Мадрид заврши историскиот судски процес против каталонските сепаратисти

По четиримесечна расправа, историското судење на дванаесетте функционери приврзаници на независноста на Каталонија за учество во обидот за отцепување од Шпанија кон крајот на 2017 година, заврши во срдата во Мадрид каде што судот својата политички крајно чувствителна одлука ќе ја соопшти по неколку месеци.

На поранешните членови на каталонската влада, на поранешната претседателка на покраинскиот парламент и на челнциите на сепаратистичките организации им се судеше поради тоа што на 1-ви октомври 2017 година го организираа референдумот за самоопределување кој шпанскиот уставен суд го проглеси за неуставен и го забрани, а беше одблежан со полициско насилство од страна на донесената шпанска полиција откако каталонската откажа послушност, по што каталонскиот парламент на 27-ми октомври прогласи независност, која сепак не заживеа. Деветмина од нив се во притвор крај Мадрид повеќе од една година.

Стотици сведоци, меѓу кои и поранешниот конзервативен премиер Маријано Рахој, беа сослушувани пред судиите на Врховниот суд, највисокото правосудно тело во Шпанија, чика одлука се очекува дури есенва и на којшто не може да се вложи жалба. Меѓутоа, обвинетите веќе најавија дека ќе се обратат пред Еропскиот суд за човекови права.

Поранешниот каталонски потпретседател Ориол Жункерас, кој е во притвор од ноември 2017-та, беше главниот обвинет во отсуство на поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон, кој пребегна во Белгија со неколкумина соработници, а Брисел одбива да го екстрадира. На Жункерас му се заканува 25-годишна затворска казна за бунт против шпанската држава.

„Најдобро за целиот свет, за Каталонија, за Шпанија, за Европа, е прашањето да се врати на политички терен“, рече Жункерас и повика на дијалог за решавање на каталонската криза.

„Дали сметате дека Каталонците ќе престанат да се борат за правото на самопределување поради една судска одлука? Сугурен сум дека нема“, порачла обвинетиот Жорди Куичарт.

Нивините приврзаници ги сметаат за „политички затвореници“ и повикаа на протести во каталонската престолнина Барселона каде веќе попладнето демонстранти бараа ослободителни пресуди и носеа транспарентни со пораката „Повторно ќе го сториме тоа“ алудирајќи на прогласувањето независност од Шпанија.

Шпанското правосудство и владата, пак, постојано истакнуваат дека на обвинетите не им се суди поради нивните идеи, туку поради повреда на законот. Државното обвинителство во текот на процесот настаните од есента 2017 година ги оцени како „државен удар“ кој се случувало во „атмосфера на бунт“.

Повеќе од година и половина по обидот за отцепување, во поделената Каталонаја на власт повторно се приврзаниците на независноста, а каталонското прашање и натаму е во фокусот на политичката дебата во Шпанија/

„Каква и да биде пресудата, движењето за независноста ќе ја искористи за повторна мобилизација“, оценува за AFP Ориол Бартомеус, професор на политички науки на Автономниот универзитет во Барселона.